Во среда протести во Скопје против двојазичноста

Тврдокорни заедно со „МОС Македонски Обединети Сили“, во среда со почеток во 18 часот, ќе протестираат против воведување на двојазичност.

„Ги повикуваме сите организации и поединци и закажуваме протестен марш за среда, 22 ноември,  во 18 часот против воведување двојазичност и албанизација на Македонија“, повикаа од организацијата.

Оттаму најавија дека протестот ќе започне пред седиштетето на опозицијата, а главната порака што ќе ја упатат од пред штабот ќе гласи: „Или извадете го народот на улица и бранете ја Македонија или тргнете се од политиката!“.

Демонстрантите потоа ќе се упатат пред Собранието.

„Од пред зградата на ДПМНЕ маршот ќе се движи до пред Собрание за да им кажеме на „пратениците“ кои ќе кренат рака за воведување двојазичност – Секој кој ќе крене рака за двојазичност односно двонационалност, отсега натаму од нас и македонскиот народ ќе добие посебен режим и посебен третман “, велат Тврдокорните.

Тие порачаа дека Македонија е во прашање и ги повикаа сите, без разлика на партиската припадност да се приклучат на протестот.

 

 

 

 

 

20.11.2017 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега