Изгоре ноќниот клуб „Ориентал": Штетата 3 милиони, сопственикот не барал увид

Околу  06:00 часот на автопатот Гостивар-Тетово на излезот од селото Жеровјане, од засега неутврдени причини, настанал пожар во ноќен клуб  „Ориентал“, при што бил опожарен инвентарот, а од чадот било направено оштетување на ѕидовите во внатрешноста на објектот, информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица-Тетово. Објектот бил затворен и иако сопственикот не барал да се изврши увид, по претходно добиено овластување и инструкциии од надлежен Јавен обвинител при Основното Јавно Обвинителство-Тетово, од страна на увидна екипа од СВР-Тетово бил извршен увид на местото на настанот.

Причинета била материјална штета од околу 3.000.000 денари.

СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

20.11.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега