На млад скопјанец му зариле нож во градите

Околу 16 часот и 30 минути од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен 22-годишниот Д.М. од селото Трубарево, кој се здобил со убодна рана од остар предмет на левата страна од градниот кош.

Имено, Д.М. на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од страна на две непознати лица, а едното од нив употребило нож, со кој го прободело Д.М.

Од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и истиот бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

20.11.2017 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега