Две момчиња нападнати за 200 денари на Партизанска - насилниците на слобода
Околу 18 часот и 45 минути синоќа пријавено e дека во Скопје на булеварот „Партизански Одреди“ на автобуска постојка пред Трговскиот Центар „Алуминка“, од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над 19-годишниот А.Т. и уште едно 17- годишно лице.
На двајцата им биле одземени по 200 денари и часовник, информира полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
20.11.2017 - 13:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа