Честитка од Џафери: Негувањето на јазичните и културните богатства влог во подобра иднина

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати честитка по повод Денот на албанската азбука.

- „Азбуката, јазикот и писменоста се многу повеќе од само средство за комуникација, тоа е вредност сама по себе, заштитник на традицијата и националниот идентитет. Во ноември 1908 година, на Битолскиот конгрес, се кодифицираше албанската азбука и тоа имаше значајно влијание врз издигнувањето на националната свест и единство помеѓу албанците“, вели Џафери во честитката, додавајќи дека Македонија е земја во која се негуваат и почитуваат различностите и со негување на јазичните и културните богатства на сите граѓани, ние придонесуваме кон зачувување на заедничките трајни вредности и тоа е влог за подобра иднина на нашите млади поколенија.  

 

 

 

22.11.2017 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега