Скопје повторно се „гуши": Екстремно висока загаденост во Лисиче

Загаденоста на воздухот повторно на многу високо ниво.

Синоќа во Лисиче концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките беше над 300 микрограми на еден кубен метар, од максимално дозволените 50.
 
 
Вчера и  во Куманово се дишеше премногу загаден воздух каде се измерени 220 мг/м3.
 
 
Аерозагадувањето придонесе да се наполнат болниците со пациенти кои се жалат на болки во грлото, кашлица. Зголемен е и бројот на деца со бронхопневмонии.
Поради ширењето на загадениот воздух според податоците на Институтот за јавно здравје годишно умираат над 1000 луѓе.
 
 
 

 

 

22.11.2017 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега