Судскиот совет дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски

Судскиот совет на Република Македонија дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски – судија на Апелациониот суд Скопје.

„Судскиот совет на Република Македонија дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски – судија на Апелациониот суд Скопје, по донесена пресуда на Европскиот суд за човекови права во која е констатирана повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи. Во согласност со член 80 став 3 од Законот за Судски совет на Република Македонија е формирана Комисија за спроведување на постапката. Во текот на 2017 година, Комисијата закажа расправи за 27.2.2017, 24.4.2017 и 11.5.2017 година, кои ги одложи по барање на Јордан Митриновски и неговите бранители. Расправата закажана за ден 21.11.2017 година Комисијата ја одржа во присуство на подносителот на барањето за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, а во отсуство на судијата уредно повикан“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

За потсетување, во април 2015. Судот за човекови права во Стразбур одлучувајќи по жалбата Митриновски, донесе одлука во која се истакнува дека Судскиот совет не бил непристрасен при разрешувањето на Митриновски. 

 

 

 

22.11.2017 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега