Бугарија на Струмица и донираше специјално возило за превоз на лица со посебни потреби

Владата на Република Бугарија во рамки на посетата на Струмица, а во насока на продлабочување на меѓусебната соработка денеска на општината и донира специјално возило за превоз на лица со посебни потреби.

Клучевите од возилото на градоначалникот Коста Јаневски му ги врачи бугарскиот премиер Бојко Борисов. На примопредавањето на клучевите присуствувал и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Оваа донација не е само потврда на добрососедските односи меѓу двете држави, туку и потврда на заложбите на двете страни за подобрување на условите за живот на сите ранливи категории граѓани, велат од Општина Струмица.

Оттаму додаваат дека специјалното возило значи поголемо вклучување на лицата со посебни потреби во сите сфери на локалното одлучување и општествено живеење. 

 

 

 

23.11.2017 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега