Премиерот и министрите денеска во Собрание ќе одговараат на пратенички прашања

Првпат по формирањето на новата Влада, премиерот Зоран Заев иминистрите, на денешната 23-та седница на Собранието на Република Македонија, ќе одговараат на прашања на пратениците.

Седницата за поставување пратенички прашања Парламентот ја одржува 100 дена по формирањето на Владата, но овој пат беше одложена поради локалните избори. Според Деловникот седницата се одржува во последниот четврток во месецот, но сега се одржува во петок поради вчерашната седница на владите на Македонија и Бугарија во Струмица.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска ги закажа и продолженија на 8. седница на која треба да се расправа за заменици на генераланиот секретар и 12. седница на која се останати два закони на опозицијата.

Закажана е и седница на Законодавно-правната седница.

 

 

 

24.11.2017 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега