Илиевски: „Договорот со Бугарија има историска кочница“

Не можеш да станеш пријател со некого ако потпишеш договор, договорот за доброседство со Бугарија има историска кочница ,изјави во вечерашното издание на „Само вистина“ Богдан Илиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него проблематичен е делот околу формирањето на комисиии кои ќе ја „чешлаат“ историјата. Бугарите нека си  ја толкуваат кај нив историјата како сакаат, договорот смета Илиевски ќе произведе услови за нас како држава.

Виктор Канзуров поранешен новинар и филмски критичар, кој се декларира како бугарин во Македонија оцени дека поголемиот дел од бугарското општество не е оптоварен со историјата, а изјавите на Борисов денеска ги оцени како максимално политички коректни, посочувајќи дека токму Борисов не потекнува од слоевите во Бугарија кои се оптоварени со „македонската“ тема.

 

 

 

24.11.2017 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега