Се зголемува бројот на заболени од грип - бројката поголема од минатата недела

67 нови случаи на заболени од грип се регистрирани во текот на изминатата недека, што е поголема бројка од претходната недела, кога беа забележани 47 заболени лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија објавен на неговата веб страница.

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број заболени од грип изнесува 367.

Најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години. Изминатата недела најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (23 случаи), додека највисока инциденца од 50,4 на 100.000 жители е регистрирана на територија на Подрачната единица Дебар.

Во однос на заболените по возрасни групи, најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 63,8 отсто, а најголема инциденца се регистрира кај лицата над 65 години.

Во епидемиолошките служби на центрите за јавно здравје/подрачните единици вакцинацијата почна на 17 октомври, а на располагање за вакцинација за сезонава се 27.997 дози на вакцина.

Досега се вакцинирани 27.990 лица и се искористени 99,9 отсто од набавените вакцини. Најголем број вакцинирани се на возраст над 65 години – 60,5 отсто, а од вкупниот број вакцинирани, 75,2 отсто се со историја на хронично заболување.

 

 

 

24.11.2017 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега