Фото: Голема заплена на полицијата - пронајдена дрога на стариот пат Охрид-Струга

59 пакувања со вкупна тежина од околу 60 килограми опојна дрога марихуана, синоќа биле пронајдени на стариот пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска, соопштуваат од МВР. Во соопштението е наведено дека опојната дрога била ставена во пет торби, а била пронајдена од полициски службеници од СВР Охрид и Криминалистичката полиција - Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи при Министерството за внатрешни работи.    

Полициските службеници пронашле и едно пакување со кафеава прашкаста материја која заедно со останатите биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија презема мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.

 

 

 

24.11.2017 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега