Во ѕидови од стара куќа во Велес пронајдени 18 револвери

Во ѕидови од стара куќа во близина на месноста Мегдан во Велес вчера биле пронајдени 18 револвери.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, вчера околу 13:30 часот при вршење на градежни работи на куќа која се наоѓа на ул.„Максим Горки“ бр.172 во Велес, од страна на сопственикот на куќата 68-годшниот И.Ѓ. во еден од ѕидовите пронајдени се 18 пиштоли марка „Нагантс“ калибар 7,62 мм.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.

 

 

 

24.11.2017 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега