Тежок грабеж во Битола и во приватна фирма во скопско Горно Лисиче

Грабеж во семејна куќа во Битола и приватна фирма во скопско село Горно Лисиче.

Полицијата извести дека вчера во времето од 10.00 до 18 часот во село Ивањевци, битолско во куќата на 63- годишниот Т.Л, непознат сторителот преку балконската врата која била отворена, влегол внатре и одзел околу 27.000 денари, пиштол марка „ЦЗ М-88“ калибар 9 мм и дозвола за поседување на оружје, еден ДВД плеер  и ресивер.

Извршен е увид на место на настанот.

Во Скопје пак, полицијата соопшти дека вчера во 16.00 часот од приватна фирма од село Горно Лисиче пријавиле дека во периодот од 15.10.2017 година до 05.11.2017 година, во нивен објект кој не е во функција, непознат сторител извршил тешка кражба. 

Од МВР велат дека сторителот, со употреба на погоден алат и физичка сила влегол објектот, демонтирал и украл главна табла од струјата, сите помошни табли, кабли од електрична инсталација и одзел противпожарни црева, четири рефлектори, четири големи сијалици, ограда од внатрешни скали и пет алуминиумски прозори.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на двата случаеви.

 

 

 

24.11.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега