Ахмети и Џафери не се појавија на суд - Богоевски не чувствува потреба да се извини

На денешното рочиште во Основниот суд во Скопје, поранешниот разузнавач Слободан Богоевски изјави дека не чувствува потреба да им се извини на Али Ахмети и Муса Џфери, кои го тужат за клевета.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери бараат оштета од 5,5 милиони денар, но денеска не се појавија на судењето.

Богоевски смета дека тужбата против него е апсурдна, бидејќи никаде не зборувал за овој случај освен во Комисијата за заштита и Судот во Њујорк.

Во сведочењето пред Судот во САД Богоевски, како што беше објавено во јавноста, рекол дека 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија за поткуп на поранешниот премиер Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.

 

 

 

24.11.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега