Толку од сонцето - од утре не чека пресврт во температурите

Од недела попладне подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на студен и влажен бран од кој најпрвин во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошоират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во понеделник преку ден ќе биде студено и ветровито со повремени врнежи од дожд,а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните деови. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Дбевната температура ќе биде релативно ниска, во интервал од три до девет степени.

Според УХРМ, и во вторник ќе биде студено и ветровито со услови за слаб снег, главно во источните делови. 

 

 

 

24.11.2017 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега