Две родилки ги оставиле бебињата на скопска Гинекологија

Две родилки од Прилеп ги оставиле децата на скопска Гинекологија и си заминале. Како што јавува Сител, првата жена е онаа која доби сендвич со таблети во него, додека втората била решена да го остави бебето и да си замине, препуштајќи им ја грижата на докторите.

- Кај нас остануваат се додека не бидат стабилизирани и здрави. Се случува да останат месец дена понекогаш и два месеци, во зависност од тоа во каква состојба се и во која гестациска недела се родени. Потоа одат во домот за доенчиња во Битола, но претходно има уште еден контакт со мајката, потоа уште еден во случај да се предомисли и на крај остануваат за посвојување, вели др. Адела Стефанија од Клиника за Гинекологија, за Сител.

Претходните искуства на скопска гинекологија говорат дека многу ретко се случува мајката да се предомисли и да се врати по бебет, ако реши да си замине.

 

 

 

 

24.11.2017 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега