Почна петицијата на бугарските интелектуалци за поддршка на барањето на МПЦ до БПЦ

Во Бугарија почна петицијата  која ја покренаа бугарските интелектуалци за подрршка на барањето на Македонската православна црква, која од Бугарската патријаршија бара да ја прифати како ќерка-црква и да ја признае нејзината афтокефалност. 

Со петицијата интелектуалци, научници, новинари и потомци на познати македонски семејства ја повикуваат Бугарската патријаршија да го прифати барањето и да и стане мајка-црква на МПЦ.

Целта на петицијата е општеството да ја изрази својата поддршка кон БПЦ за процесот.

- Свесни сме дека проблемот со признавањето на автоќефалноста на МПЦ е прашање, кое воопшто не лесно за решавање, инаку нејзината хиерархија не би се наоѓала во изолација веќе 50 години. Но сметаме дека Бугарската патријаршија ги има сите основи и историски и канонски, да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите браќа во Република Македонија, нивната црква да го добие своето полноправо место во семејството на православните цркви, се вели во писмото на иницијаторите на петицијата до бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод. 

 

 

 

24.11.2017 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега