Четири малолетници од Струмица херои - спречиле грабеж

Четворица малолетници спречиле да биде ограбена осумдесетгодишна старица од Струмица и помогнале да се  фати крадецот. Настанот се случил во вечерните часови во близина на струмичкиот парк каде 21 годишна жена од селото Просениково од зад грб ја напднала осумдесегодишната старица и  ја турнала на земја , а потоа во обид да и ја одземе чантата ја влечела околу еден метар. Откако успеала во намерата тргнала да бега, но лелеците за помош ги слушнале малолетниците, кои ја фатиле жената крадец, пишува Сител.

- ,, Едно од децата застанало пред возилото кажувајkи му на возачот дека жената има украдено ташна и соборено жена на земја, притоа одземајќи и ја ташната. Додека сите деца и возачот разговарале  пријавената  излегла од такси возилото си го зела бебето и со трчање се дала во бегство.  Деца и ја вратиле ташната на оштетената која откако проверила забележала дека и е украден паричникот во кој имала парични средства и лични документи,, вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица.

Нападнатата жена се здобила со повреди поради што и била укажана лекарска помош.

 

 

 

24.11.2017 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега