Детали за пукањето во Чаир: Еден убиен, еден тешко повреден

Во скопски Чаир вечерва се случила вооружена пресметка во која едно лице е убиено, едно тешко повредено, дознава 24Вести.

Станува збор за престрелка на две групи која се случила на улицата „Лазо Трповски“, до трговскиот Принц. 24Вести неофицијално дознава дека пресметката настанала поради нерасчистени сметки за трговија со дрога.

Според податоците, тешко повреден е Л. Ќ. кој  со возило на итната медицинска помош е пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски.

На местото на настанот има полиција, која врши увид.

Се очекуваат повеќе детали.

 

 

 

24.11.2017 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега