Му дошол на врата на тетовчанец: "Дај ми 1.000 евра или ќе те убијам"

Во 15 часот и 40 минути вчера, пред куќата на 30-годишниот  Ј.Ц. од Тетово, дошол И.Х. и побарал Ј.Ц. да му врати 1.000 евра кои наводно му ги должел.

Според пријавата, И.Х. почнал да вика и да му се заканува на Ј.Ц., по што влегол во дворот и се упатил кон куќата. Кога излегле родителите на домаќинот, насилникот извадил нож и се заканил дека ќе го убие.

Родителите на Ј.Ц. пријавиле во полиција, по што полициски службеници го привеле И.Х. во СВР Тетово, каде со потврда за привремено одземени предмети му бил одземен ножот.

СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

 

 

25.11.2017 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега