Едмонд Темелко оди во куќен притвор

Кривичниот суд му го укинал притворот на Едмонд Темелко и му определил мерка куќен притвор,потврдуваат од Кривичниот суд, јавува 24Вести.

Ваква одлука е донесена поради влошената здравствена состојба на Темелко.

ВМРО-ДПМНЕ и неколку здруженија бараа Темелко да биде пуштен од притвор поради неговата нарушена здравствена состојба, а за попладнево беше најавен и протест.

Темелко беше притворен пред два месеци на барање на Специјалното јавно обвинителствоза случајот „Титаник“.

 

 

 

 

26.11.2017 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега