Охридското Езеро крие седум потонати бродови од Прва светска војна

Седум бродови во Првата светска војна се потонати во Охридското Езеро. Нивните остатоци се уште се кријат на дното на Охридското Езеро во близина на Струга. Потонатите бродови во Охридското Езеро ги истражува и докуметира Центарот за нуркање „Акватек“.

Даниел Атанасовски од Акватек за МИА вели дека бројот на бродовите не е точно утврден и досега не се доволно документирани.

- Познати се доста информации поврзани со овие бродови како нивниот производител и тоа дека биле користени за транспортирање голем товар - истакнува Атанасовски и додава дека има простор и мотив за понтамошно истражување.

Конечниот број на бродови треба да се потврди, а се смета дека се седум, односно два главни брода кои влечеле позади нив помошни бродови што носеле товар. На нив се откриени ознаки веројатно од производителот на бродовите „Bolzano, Tedesko & Co“, а нема информации кој ги открил прв пат.

- Тимот на „Акватек“ има за цел да ги документира соодветно бродовите, со сите детали, во соработка со Никола Паскали, член на Акватек, како и подводен археолог, кој бил дел од првите експедиции на овој локалитет - вели Атанасовски.

Тој се надева дека дека локацијата ќе биде заштитена како археолошки локалитет, дека ќе се најдат средства за да се истражат бродовите детално и да се создаде документација која потоа ќе може да биде презементирана и ќе го промовира локалитетот како нуркачка атракција за професионални и рекреативни нуркачи.

 

 

 

26.11.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега