Тетовец фатил разбојници во својот дом па започнала вистинска драма

Влегле да крадат па се вратил сопственикот и ги затекнал.

Вчера во 21.00 часот во Полициската станица Тетово, 56- годишниот М.Ц од Тетово пријавил дека непознати сторители извршиле разбојничка кражба во обид во неговиот дом.

Од МВР известуваат дека истиот ден, во периодот од 18.00 до 20 часот и 30 минути, кога се вратил дома, во дворот забележал непознато лице со пиштол во рака. Го прашал што бара тука, а тој му рекол да застане да не го убие. Од куќата излегло друго непознато лице со маска на главата, го удрил М.Ц. со бокс во главата, по што и двајцата избегале во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Притоа, било констатирано дека во спалната соба било ивршено пребарување, но не било одземено ништо.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.                                                                        

 

 

 

 

27.11.2017 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега