Крвнички нападнати полицајци во радовишко

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Е.И. од село Тополница осомничен за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Кривична пријава е поднесена и против А.А. од село Тополница поради сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 07.11.2017 околу 17 часот во близина на село Тополница, при одземање на трактор со приколка  натоварена со дабови огревни дрва, управуван од Ј.Б. од село Тополница, без соодветна документација за огревните дрва, првопријавениот со тврд предмет удрил полициски службеник, додека второпријавениот им се заканувал по живот на полициските службеници, со што ги спречил  во вршење на службено дејствие. 

 

 

 

27.11.2017 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега