Влегле да му ја ограбат менувачницата во Кисела Вода - сам им пресудил

 

Сопственик на менувачница во скопска Кисела Вода најверојатно ги убил двајцата напаѓачи кои попладнево сакале да го ограбат.

Според неофицијални информации, напаѓачите попладнево влегле во менувачницата и се обиделе да извршат разбојништво. По ова, сопственикот најверојатно извадил оружје и ги убил разбојниците.

Очевидци велат дека слушнале неколку истрели.

Од полицијата се уште не може да се добие официјална информација На терен може да се забележи големо полициско присуство а булеварот Борис Трајковски е блокиран кај споменикот на Тодор Александров.

 

 

 

27.11.2017 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега