Детали за убиството во Кисела Вода: Разбојниците го нападнале сопственикот, тој пукал

Во скопска Кисела Вода среде бел ден насилници со пиштоли во рацете влегле во менувачницата "Македонија", лоцирана на булеварот "Борис Трајковски", кај Чешма, и ги побарале парите од сопственикот.

Како што дознава Телма, насилниците со пиштоли се обиделе да му се заканат на сопственикот кој бил внатре. Кога не сакал да им ги даде парите, еден од разбојниците со пиштол го удрил 58-годишниот скопјанец, кој им возвратил на напаѓачите и ги застрелал.

Разбојниците починале на лице место во менувачницата, а веднаш биле повикани и полиција и Брза помош.

Засега не е познат нивниот идентитет, се очекуваат повеќе детали.

 

 

 

27.11.2017 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега