Откриен идентитетот на сопственикот на менувачницата - пред 5 години го раниле, останал инвалид

МВР излезе со официјални податоци за двојното убиство во Кисела Вода. Во попладневните часови, поточно во 16:35 часот во Единицата за известување и команда добиена е пријава дека на улицата “Борис Трајковски“ во Скопје, во менувачница, имало пукање од огнено оружје.

-Според првичните сознанија, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле во посоченото време во менувачницата во која што се наоѓал сопственикот на истата Г.А. (58) од Скопје. Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала, прво, физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштол и пукал во правец на напаѓачите кои починале на местото на настанот, стои во полициското соопштение.

Инаку, како што веќе објавивме, пред пет години Г.А. бил нападнат од вооружени разбојници, а тие го раниле во ногата.

МКД.МК, јавува дека во тој инцидент сопственикот на менувачницата останал инвалид.

Ова е втор обид за грабеж во неговата менувачница Македонија.

 

 

 

27.11.2017 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега