Утрово уапсен Митко Чавков

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изутринава е уапсен по налог на Јавното обвинителство.

Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство повеќе информации најавуваат во текот на денот.

Според првичните сознанија, Чавков е уапсен во врска со истрагата за насилствата во Собранието од 27 април, кога раководеше со оперативниот штаб на МВР.

Се очекува Чавков изутринава да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

 

 

 

28.11.2017 - 08:19
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега