Ахмети и Дехари се поклонија на споменикот „Мајка Албанка“ во Зајас

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари денеска по повод денот на албанското знаме во Зајас се поклонија и положија цвеќиња пред споменикот на „Мајка Албанка“. 

Ахмети изјави дека вакви настани залужуваат да бидат одбележани и на вакви датуми треба да се потсетиме на сите жртви кои за националните интереси ги положија своите животи.

Дехари рече дека и општина Кичево со разни активности го одбележува овој голем датум за Албанците.

Како централен настан тој ко посочи детскиот фестивал на кој ќе присусвуваат деца таленти од целиот регион, каде што живеаат Албанци.

На споменикот цвеќиња положија и други општински делегаци здуженија на граѓани од Кичево и кичевско. 

 

 

 

28.11.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега