Страшна несреќа во Струмица: Прегазил малолетничка, ја оставил на пат и избегал

Во 19 часот и 30 минути синоќа на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило управувано од непознато лице, удрило во малолтничка.

Полицијата денеска информира дека е прегазена 17-годишната Џ.Т. од село Градошорци, а возачот избегал.

Тинејџерката се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош била задржана на лекување во Медицинскиот центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. 

 

 

 

28.11.2017 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега