Обвинителството побарало притвор за сите 36 лица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побарало притвор за сите 36 обвинети кои беа приведени денеска за настаните од 27. април во Собранието, јавува Макфакс.

Отворена е истрага против 36 лица кои се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, за кое е предвидена минимална казна затвор од најмалку 10 години.

Пред Судот моментално се собираат граѓани во знак на протест.

 

 

 

28.11.2017 - 13:33
Фото: 
миа

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега