Му украле милион денари на вработен во „Сити Мол"

Двајца разбојници украле над милион денари промет од вработен во една од продавниците во трговскиот центар „Скопје сити мол“, кој се движел околу 09 часот и 40 минути кон банка за да ги уплати.

Полицијата информира дека 19-годишниот С.Ѓ. вработен во Сити Мол, се упатил кон „Комерцијална банка“ да изврши уплата на прометот, а при тоа две непознати лица со  удар по стомакот и главата му одзеле кеса во која имало 1.049.100 денари.

Полицијата трага по разбојниците.

 
 

 

 

28.11.2017 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега