Ќерката на Чавков: Татко ми го третираат како терорист

Ќерката на приведениот Митко Чавков, Зорица Чавкова, во изјава за Телевизијата Нова вели дека е разочарана од односот на полицијата која го третирала нејзиниот татко како да е терорист.

„Рано утринава околу пет часот полицијата упадна во нашиот дом, направи претрес со безброј нерегуларности и го зедоа татко ми. Татко ми целиот свој живот го има посветено и целата својата кариера ја има поминато во МВР каде што посветено и пожртвувано се грижеше за заклетвата што ја имаше дадено дека ќе ги брани и чува законите и Уставот на земјава.Големо лицемерие е човек кој цел живот се борел за сузбивање на безброј терористички акции,сега го третираат како терорист, вели Зорица за ТВ НОВА.

Инаку, таа додава и дека тој има проблеми со срцето, и дека не им дозволиле да му ја дадат терапијата.

Чавков денеска беше приведен со уште 35 лица за настаните од Собранието на 27 април.

 

 

 

28.11.2017 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега