Владата се задолжи со нови 86,91 милиони евра

 

На аукцијата одржана на 28.11.2017 година, Министерството за финансии издаде државни хартии од вредност во износ од 5,345 милијарди денари (86,91 милиони евра).

Се работи за за 6-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 500 милиони денари со камата од 1,55%,12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4,6 милијарди денари со камата од 1,85%, 3-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 120 милиони денари со камата од 2,35% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 125,01 милиони денари со камата од 3,80%.

На 29 октомври 2017 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 5,345 милијарди денари (86,91 милиони евра).

 

 

 

28.11.2017 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега