Митко Чавков доби притвор

Екс директорот на БЈБ, Митко Чавков и Оливер Радулов добија притвор по завршување на распитот кај судија на претходна постапка, јави Канал 5 повикувајќи се на неофицијални информации од свои извори. Според Канал 5 решението за притвор на Чавков се уште не е изготвено.
Претходно притвор доби и оперскиот певец Игор Дурловски. Освен за него нема официјална потврда за притворите на Чавков и Радулов.
Она што се знае е дека нема куќен притвор за пратеничката Жаклина Пешевска бидејќи таа има пратенички имунитет. За неа ќе треба да одлучува мандатно – имунитетната комисија на Собранието.

 

 

 

28.11.2017 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега