Гостиварец нападнат и ограбен пред куќниот праг

 

Гостиварец, пред неговиот дом, бил нападат од две непознати лица и му биле одземени сто и дваесет илјади денари, информираат од МВР.

44- годишниот И.Д од Гостивар, вчера попладне пријавил дека додека се движел по улицата „Шуматовска“, непосредно пред да влезе во дворот од неговата куќа, од зад грб бил нападнат од две лица. Едното од нив, со една рака, го фатило за врат, а со другата му ја поклопило устата. Во меѓувреме, другото лице му ги пребарало џеповите и од внатрешен џеб од јакната му одзело 120 илајди денари.

Во меѓувреме на вратата се појавила сопругата на И.Д. и повикала помош, по што двајцата разбојници побегнале.

Случајот е пријавен во полициската станица Гостивар, каде работат на расветлување на околностите и поединостите поврзани со овој настан. 

 

 

 

29.11.2017 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега