Тешка сообраќајка во Скопје: Две лица повредени

 

 Тешка сообраќајка во Скопје.

Од МВР известуваат дека рано утринава  во 02,00 часот во Скопје на улица „Методија Андонов Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од 41- годишниот Ф.П од Скопје, и патничко моторно возило  „Рено Велсате“ исто така со скопски регистраски ознаки управувано од 40 - годишниот А.Г.

- Од незгодата со телесни повреди се задобил Ф.П., кој со возило на брза помош е пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, а по укажаната лекарска помош истиот е препратен во Ургентен Центар-Скопје и по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување- пишува во полициското соопштение

За време на незгодата учесникот А.Г. се пожалил на повреди, но до завршување на увидот истиот не се јавил на лекарски преглед.

Ивршен е увид на место на настанот. 

 

 

 

29.11.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега