Скопјанка лажно се претставувала како адвокатка, па измамила неколку лица

Четириесет и две годишната Ј.И од Скопје се товари за кривично дело „измама, а против неа е поднесена кривична пријава од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од МВР соопштуваат дека во периодот од јуни до август 2017 година, пријавената преставувајќи се како адвокат наводно вработена во адвокатска канцеларија како адмистративен службеник, со лажно прикажување и прикривање на факти, измамила лица така што лажно им ветила дека ќе им го намали данокот на промет за куќа, како и дека ќе изврши уплата за данок на имот за куќа на оштетен, а добиените парични средства за услугите ги потрошила за лична потреба, со што се стекнала со противправна имотна корист во вкупна вредност од 120.600 денари.

 

 

 

 

29.11.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега