Поранешниот градоначалник на Чешиново - Облешево го оштетил буџетот на општината

Полициската станица Кочани поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на  Чешиново - Облешево, Костадин Личков поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Личков во 2014 година без да спроведе јавна набавка избрал правен субјект од Скопје да изврши воздушно снимање со дрон за време на тридневните активности за одбележување на празникот на општината „Мала Богородица“. Со тоа, според МВР, ги пречекорил границите на своите овластувања и постапил спротивно на Законот за јавни набавки.

На 10 декември 2014 година, пријавениот на правното лице му исплатил фактура, со што го оштетил буџетот на општината за 87.084  денари.

 

 

 

29.11.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега