Несреќа во Кисела Вода: Пешак тешко повреден (фото)

 

Несреќа се случи предмалку во скопската населба Кисела Вода. Мотоциклист удри пешак на паркинг на улицата Огњан Прица број 1 во населбата Кисела Вода- објави Нова Македонија.

-Од силниот удар пешакот летнал во воздух и паднал во несвест. Според очевидци на настанот, пешакот е во животна опасност, но веднаш на местото на настанот пристигнала екипа на брзата помош, објави Нова Македонија.

Тешко повредениот пешак и полесно повредениот мотоциклист во моментов се пренесуваат во скопската градска болница.

На местото на несреќата се чека да пристигне полицијата и да изврши увид.

 

 

 

29.11.2017 - 14:38
Фото: 
Нова Македонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега