Детали за пожарот во скопско Злокуќани - зафатени 4 куќи

Пожар избувнал попладнево во скопската населба Злокуќани при што биле зафатени четири куќи.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е изгаснат навреме и оти на терен е интервенирано со 13 пожарникари и пет возила. 

- Постоеше опасност од ширење на пожарот, но навремеме беше интервенирано. Нема повредени лица, изјави Томески. 

Пожарот изби на улицата „Скупи број 12“.

Материјалната штета дополнително ќе се утврдува. 

 

 

 

29.11.2017 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега