Тетовчанец уапсен во Албанија

Момче од Тетово е уапсено на граничниот премин Тушемиште, на албанско-македонската граница, кај Свети Наум.

На преминот, при влез во Албанија, контролата утврдила дека автомобилот што го управувал е украден во италијанскиот град Равена.

- На преминот Тушемиште уапсен 27-годишниот В.М. жител на Тетово, Република Македонија, при влез во Република Албанија. Управуваше возило „мини купер“, кое при контрлата произлезе дека е украдедно на 7 октомври 2017 година во Равена, Италија, стои во соопштение на Дирекцијата во чија надлежност е преминот.

Против В.М. поднесена е крвична пријава врз основа на член 141 од крвичниот законик и ќе одговара за „шверц со моторни возило“.

 

 

 

29.11.2017 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега