Ја скршил наплатната рампа: Скопјанец и избегал на полицијата која го приведувала

Триесет и пет минути по полноќ на Граничниот премин „Долно Блаце“, на пасошка контрола се пријавило патничко возило „Ландровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Н.А. од Сингелиќ-Скопје. 

При проверка, било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка „Апси“. Од страна на полициски службеници, на лицето му било кажано да се паркира со возилото, но тоа со големена брзина се упатило кон Скопје без да застане на царинска контрола.

Притоа, ја оштетил рампата, а  документите од возилото и личната карта ги оставил кај полицискиот службеник.

Во 02 часот и 10  минути во шума во близина на гробиштата на место викано „Вражји вир“, било пронајдено паркирано возилото кое го управувал Н.А.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

30.11.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега