Пред Сити Мол уапсени разбојниците кои оперираа низ Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишниот З.К. и 16-годишниот Б.И. двајцата од Скопје, поради разбојништво.

Во периодот од 18. до 28 - ми овој месец во вечерните часови,  пријавените ги извршиле делата на подрачје на Карпош и Центар и се стекнале со околу 30.000 денари.

Две разбојништва извршиле на автобуска постојка кај Трговскиот Алуминка и по едно на улицата Дрезденска, на паркинг просторот позади зграда на улицата „Даскал Камче“ и на улицата „Димитрије Чуповски“.

На 27.11. околу 18.00 часот, во непосредна близина на Сити Мол пријавените биле легитимирани и лишени од слобода. 

 

 

 

30.11.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега