Судењето на Поповски одложено - психијатарот побара време

Во Кривичниот суд денеска започна рочиште за предметот на СЈО „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.

Судот за денешната главна расправа го повика лекарот кој го издал боледувањето за Поповски да даде појаснување за здравствената состојба. Психијатарот побара дополнително време за да може да направи анализа дали обвинетиот Ѓојко Поповски е во состојба да ја следи и активно да учествува во судската постапка.

Судењето е презакажано за 28 декември.

Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди. Во овој предмет, како што веќе објави МИА, Апелацискиот суд одлучи дека прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.

 

 

 

01.12.2017 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега