Украдено возило од автосервис во Радовиш

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.Н. од Струга, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 10 минатиот месец, во куќа во Струга на 55-годишниот И.А. пријавениот со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба, од каде одзел телевизор, облека , мобилен телефон, ДВД, звучници, пари и злато.

Била причинета материјална штета од 120.000 денари.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 39-годишниот М.М. од Радовиш, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.

Во временскиот период од 17 часот и 30 минути на 21 минатиот месец до 08,50 часот на 22 минатиот месец, пријавениот со употреба на погоден алат насилно го скршил катанецот од влезната врата од автосервис во Радовиш, од каде одзел патничко возило „Опел корса“, со што се стекнал со противправна имотна корист од 250.000 денари.

 

 

 

01.12.2017 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега