Дамовски и Јовановски пратени во Шутка - Судот ја промени одлуката

Кривичниот суд во Скопје ја промени одлуката и ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по што одреди мерка притвор од 30 дена на уште две лица за настаните во македонското Собрание од 27 април.

– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинителството и решенијата на судија на претходна постапка ги преиначи на начин што е уважен предлогот на обвинителството за определување мерка притвор и на осомничените Б.Д. и В.Ј. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението.

За останатите осомничени опфатени со истиот предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за кој судија на претходна постапка им определи мерка притвор, Кривичниот совет ги потврди решенијата.

 

 

 

01.12.2017 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега