Страшна несреќа во Скопје: Почина младо момче

Страшна несреќа во Скопје, младо момче им подлегна на повредите.

Преку соопштение МВР објави дека вчера во 18 часот и 42 минути во Скопје на улица „Јадранска магистрала“, патничко моторно возило „Ланд Крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 58- годишниот Н.Ј.А.М од село Орман удрило во пешаците 23- годишниот А.Н од Гостивар и 68- годишниот  З.А од село Дебреше, гостиварско.         

Истите биле пренесени во Градска општа болница “8-ми Септември“  каде во 19 часот и 20 минути од страна на доктор била констатирана смрт кај А.Н. додека кај З.А. се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

 

02.12.2017 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега