Кражба во семејна куќа во Виница

Кражба во семејна куќа во Виница.

Полицијата соопшти дека вчера во времето од 06 часот и 40 до 13 часот и 50 минути во Виница, во куќа на 56- годишниот В.Г, непознат сторител со помош на погоден алат насилно ја отворил влезната врата,  преку која влегол внатре, и одзел пиштол марка „Берета“ модел 3032 кал.7,65мм (кој со дозвола го поседувала оштетената) и разновиден златен накит.

- Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 73.000 денари- се вели во соопштението од МВР.

Увид  на местото на настанот извршила  увидна екипа од Полициска станица Виница. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

02.12.2017 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега